Моќен Вардар: Шампионот на Словенија демолиран од „црвено-црните“

Вардар ја потврди одличната форма и на самиот старт од новата годин откако „црвено-црните“ моќно стартуваа на силниот турнир во Хрватска, декласирајќи го Слован со преубедливи 41-30. Актуелниот првак на Словенија требаше да биде вистински испит за формата на „вардарци“, кои неочекувано лесно и убедливо го совладаа овој противник, најавувајќи дека се подготвени да продолжат во уште посилен ритам од оној со кој доминираа на мак-сцената во првиот дел од сезоната.

Избраниците на тренерот Чупиќ одлично го отворија мечот, поведоа со 9-6 и предноста ја одржуваа до крајот на полувремето, на одмор заминувајќи со 21-17. Приближувањето на 21-20 на стартот од вториот дел беше се што Слован успеа да стори, остатокот од натпреварот мина во целосна доминација на Вардар, македонскиот гигант не само што се одлепи со серија од 6-0, туку до крајот успеа да стигне и до двоцифрена победа.

Ривал на „вардарци“ во големото финале ќе биде Загреб, кој во првата полуфинална пресметка славеше над Сесвете со резултат 24-22.

Се вчитува...