ЕХФ го претстави Ол-стар тимот на Европското првенство 2026 кое денеска завршува со натпреварите за бронза и за европска титула во Хернинг.
Во најдобриот тим на првенството се вклучени играчи од шест тима, вклучувајќи ги и финалистите Данска и Германија.
ОЛ-СТАР ТИМОТ НА ЕП 2026
Голман: Андреас Волф (ГЕРМАНИЈА)
Лево крило: Аугуст Педерсен (НОРВЕШКА)
Лев бек: Симон Питлик (ДАНСКА)
Централен бек: Гисли Кристијансон (ИСЛАНД)
Десен бек: Франциско Коста (ПОРТУГАЛИЈА)
Десно крило: Марио Шоштариќ (ХРВАТСКА)
Пивот: Јоханес Гола (ГЕРМАНИЈА)
Дефанзивец: Салвадор Салвадор (ПОРТУГАЛИЈА)
Најдобар млад играч: Франчиско Коста (ПОРТУГАЛИЈА)
МВП: Матијас Гидсел (ДАНСКА)
Гидсел е првиот Данец кој го добива МВП признанието на Европско првенство за мажи. Голманот Волф повторно се најде во Ол-стар тимот, откако беше избран и во 2024 година и во 2016 година, кога беше клучен во освојувањето на титулата на Германија на Европското првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

