Хрватската влада и Хрватскиот ракометен сојуз ја презедоа организацијата на свечениот прием за ракометарите кои го освоија бронзениот медал на Европското првенство во Скандинавија.
Информацијата ја потврди министерот за спорт Тончи Главина.
„Денеска во 18 часот на плоштадот Бан Јосип Јелачиќ организираме величествен пречек!“, изјави Главина.
На прашањето дали Томпсон ќе настапи, тој рече дека сите желби на ракометарите ќе бидат исполнети. Тој исто така вели дека пречекот ќе биде величествен.
За потсетување по освојувањето на европскиот бронзен медал во Хернинг, хрватските ракометари се вратија од Данска доцна синоќа, а беа пречекани од стотици навивачи на аеродромот „Фрањо Туџман“ во Загреб.
Пречекот во Загреб беше најавен за денеска во 15 часот, но набрзо беше откажана бидејќи ракометарите побараа настап на Марко Перковиќ Томпсон, на што Градот Загреб не се согласи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

