Во најновата епизода на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“ на ЕКИПА.МК гостин е едно од најголемите имиња на хрватскиот ракомет, Иван Чупиќ, кој меѓу другото се осврна и на настапот на Хрватска на штотуку завршеното Европско првенство.
„Коцкестите“ се закитија со бронзениот медал на шампионатот, а Чупиќ исклучиво со позитивни оценки се осврнува на работата на хрватскиот селектор Дагур Сигурдсон…
„Сигурдсон е првиот странец селектор во историјата на хрватскиот ракомет, и на почетокот наиде на скептични очекувања, особено по оние резултати на Олимписките игри. Но, после Олимпијадата, мислам дека Дагур, и на Светското првенство минатата година во Хрватска и сега смени многу работи во играта на тимот. Нему Олимпијадата му беше прво натпреварување со тимот, и секако му треба време. Дувњак и Карачиќ со своите имиња, и со респектот кој го уживаат во светот на ракометот секако многу помогнаа минатата година на Светското првенство. Но, што се однесува на минутите на игра имаа споредни улоги…, ако може така да се каже, зошто во репрезентација нема споредни улоги. И сега се прави некоја нова Хрватска“ – вели Чупиќ, нагласувајќи дека Сигурдсон прави одлична работа со Хрватска.
„Седум победи и еден пораз на Европското првенство. Значи селекторот и тимот кој го избра тој минатата година на Светско играа финале со освен сребрен медал, оваа година пак полуфинале и освен бронзен медал на Европско. И што да кажам јас за селекторот? Едно финале, едно полуфинале. Според мене, во тимот се знае кој што треба да работи. Сè се знае. Селекторот си го балансира тоа. И јас како навивач сум многу задоволен и многу среќен. Знам кога седнувам пред телевизор, кога навивам, гледам убав ракомет и знам дека можеме да победиме против секого. Што сакаме повеќе од селекторот!?“.
ЦЕЛИОТ СПОРТСКИ ПОДКАСТ „ПРЕСИНГ“ СО ИВАН ЧУПИЌ ГЛЕДАЈТЕ ГО ТУКА…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

