ЛА Лејкерс ја победија Филаделфија со 119-115 во еден од синоќешните натпревари во НБА лигата, но потенцијално беа без Лука Дончиќ.
Словенечкиот кошаркар мина нешто повеќе од 15 минути во играта, но мораше да го напушти теренот предвреме поради болка во ногата. А, до тогаш постигна 10 поени со 3/10 шут од поле, и имаше четири скока, две асистенции и пет изгубени топки.
Остин Ривс беше најефикасен во тимот на Лејкерс со 35 поени, Леброн Џејмс имаше 17 поени и 10 асистенции, но и осум изгубени топки, додека Хачимура и Ларавија имаа по 14 поени.
Џоел Ембиид постигна 35 поени на другата страна, и имаше седум скока и асистенции. Тајрис Макси додаде 26 поени и 13 асистенции.
Ривс го заврши натпреварот со 12/17 шут од поле и погоди пет тројки, во само својот втор натпревар по пет и пол недели пауза поради повреда на листот, со ограничени минути.
Сепак, победата на Лејкерси беше засенета од повредата на Лука Дончиќ. Најдобриот стрелец во НБА го напушти натпреварот 3:03 минути пред крајот на првото полувреме, видливо куцајќи, а клубот подоцна објави дека станува збор за болка во левата нога. Дончиќ не се врати во игра во второто полувреме.
Ривс, Дончиќ и Џејмс играа заедно само во десеттиот натпревар оваа сезона, обележан со бројни повреди на клучните играчи на Лејкерси.
НБА – РЕЗУЛТАТИ
Пистонс – Визардс 117-126
Меџик – Нетс 118-98
Хокс – Џез 121-119
Рапторс – Булс 123-107
Рокети – Хорнетс 99-109
Маверикс – Спарс 123-135
Лејкерс – Сиксерс 119-115
Санс – Вориорс 97-101
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

