Иван Чупиќ за заминувањето на Талески: „Кој не сака да биде во Вардар и не треба да биде во Вардар!“ (ВИДЕО)

Во најновата епизода на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“ на ЕКИПА.МК гостин е едно од најславните имиња на Вардар, Иван Чупиќ, миленикот на „Комитите“ кој во 2017 година ја донесе европската титула за црвено-црните.

Чупиќ сега, како тренер на Вардар враќајќи се да ја врати титулата во црвено-црните витрини, неизбежно се осврна и на бројни теми поврзани со најтрофејниот македонски клуб. Меѓу нив, секако, и за неочекуваното заминување на Филип Талески од клубот и тоа среде есенскиот дел од сезоната…

„Филип Талески беше инволвиран во сите наши натпревари, многу важен за нас, и одбранбено и напаѓачки, и транзициски… Навистина имавме проблеми со Вуко и со Лазаревски со повреди, така да покриваше и на средината од теренот. Многу, многу благодарен играч за клубот, за мене, за целиот мој стручен тим. Мислам дека после натпреварот со Тулуз, кога реално играше најмалку, беше на разговор со директорот, со став дека сака да си оди, дека не игра толку колку сака, и мисли дека нема повеќе место за него тука во клубот“ – открива Чупиќ во „ПРЕСИНГ“ и дополнува:

„Потоа јас разговарав со него, имавме состанок на кој ми кажа дека сака да си оди, не се гледа повеќе во Вардар. Јас му му кажав на тоа дека прифаќам, затоа што и јас сум бил играч, ја прифаќам таа одлука и разбирам дека можеби е незадоволен или дека можеби мислиш дека на некое друго место ќе му е подобро отколку тука со нас. Но, пак му повторив дека ми треба, дека сакам да остане, дека ќе игра колку ќе игра. Нема ништо да гарантирам, ама го гледам во ростерот, ми треба и сакам да ни помогне да ја освоиме титулата. Но и друга работа му кажав, како спортист, како професионалац, дека постои место и време кога се заминува од некој клуб, и дека тоа не е половина на октомври, почеток на ноември, туку дека има Божиќ, има јануари, има лето, јуни…. Но, тој си одлучи дека повеќе не се гледа во Вардар, дека нема да доаѓа на тренинзи, дека сака да си оди по секоја цена“.

„Мислам дека бевме добри и коректни со него. Можеби тој има некоја друга приказна, дека не било така… Мислам дека би било подобро за него и за нас како тим да останеше со нас. Но, имам, пак, и еден друг став зад кој стојам: „Било кој играч кој не сака да игра во Вардар, не треба да биде во Вардар! Точка!“ – вели Чупиќ.

=============================================

ЦЕЛИОТ СПОРТСКИ ПОДКАСТ „ПРЕСИНГ“ СО ИВАН ЧУПИЌ ГЛЕДАЈТЕ ГО ТУКА…

Се вчитува...