Леброн Џејмс би можел да се врати во дресот на Кливленд Кавалирс, барем така мисли поранешниот НБА кошаркар Кендрик Перкинс.
Според информациите дадени од Кендрик Перкинс, веќе се подготвува план за негово враќање во Охајо. Според Перкинс, Донован Мичел и Џејмс Харден веќе тргнале во офанзива.
Целта е јасна да се убеди Леброн да се врати ова лето таму каде што сè започна во Кливленд.
„Кавси беа исклучително активни во последниот рок за размена. Доаѓањата на Харден, Денис Шредер и Кион Елис дополнително ги зголемија амбициите, но очигледно и апетитите. Следна цел е враќање на Леброн“, изјави Перкинс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

