Шкендија го направи шампионатот од Првата македонска фудбалска лига, и тоа како неизвесен, по денешната гостинска победа против лидерот Вардар од 0-1 во Скопје.
„Црвено-црните“ од Тетово сосемаа заслужено дојдоа до победата создавајќи многу повеќе можности за гол од домашните, а со една искористена преку Љатифи во второто полувреме. Шкендија, посебно во вториот дел, имаше уште неколку 100% шанси и за поубедлива победа, но одличен на голот на Вардар беше голманот Талески кој спречи гостите да се радуваат со убедлив триумф.
Вардар, пак, повторно со лоша игра во низа. Уште една лоша партија со очигледна играчка и резултатска криза, по тешкиот натпревар со Башкими, елиминацијата во Купот од второлигашот Охрид, лошата партија со Струга ТЛ и најновиот пораз од Шкендија…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА











































