Престојот на Чаби Алонсо во Реал Мадрид беше неочекувано краток, но фантастичниот стратег нема долго да биде без работа. Како што информираат шпанските медиуми, Чаби веќе го договорил следниот чекор во кариерата, и тоа враќање во добро познат клуб.
Алонсо начелно ги договорил сите детали од соработката со Ливерпул, клубот во кој тој ја лансираше блескавата европска кариера како играч откако пристигна од Реал Сосиедад. „Црвените“ не се задоволни од работата на Арне Слот сезонава, па иако не сакаат да го сменат среде сезона, став на управата е дека холандскиот стратег не ги исполнил очекувањата и во текот на летово би требало да си замине од „Енфилд“.
Во тој правец, разговорите водени со Чаби Алонсо се однесувале нa соработка што би стартувала од јули 2026, за што начелно се договорени сите детали за тригодишен договор меѓу Шпанецот и актуелниот првак на Англија.
Тој би се вратил назад во клубот со кој во 2005 година го освои трофејот во ЛШ, а голем плус за Чаби е што до лани имаше беспрекорна соработка со Вирц и Фримпонг во Баер Леверкузен, а сега токму овие двајца асови се меѓу главните играчи на „црвените“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

