Пет македонски кикбоксери со победи на стартот на Светскиот куп во Италија (ФОТО)

Одличен старт на македонските кикбоксери на Светскиот куп во Италија.

На првиот ден од квалификациите, победи извојуваа Мирко Василев против Перо Челебиќ од Австрија, како и Петре Велков против Швајцарецот Захед Хечгеми.

Силвио Мировски славеше победа против Павиа Доммингез Мидас од Швајцарија, а Андреј Смилевски против Еван Колинс од Ирска. Калин Бабашки славеше против Узар Фуркан од Турција.

Останатите наши борци, Давид Атанасовски, Андријано Димишковски, Данило Методиевски, Радослав Велески, Иван Кукуновски и Максим Митровски ги загубија борбите во квалификациите, од кои Давид Атанасовски и Радослав Велески секако имаат загарантирани бронзни медали.

 

Се вчитува...