Лука Дончиќ ја живее најголемата драма во својот досегашен живот. Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс објави.
„Ги сакам моите ќерки повеќе од сè и правам сè што можам за да бидат со мене во САД во текот на сезоната. Сепак, тоа не е можно, па затоа донесов тешка одлука да ја прекинам мојата свршувачка. Сè што правам е да ги направам моите ќерки среќни и секогаш ќе се борам да им го дадам најдобриот можен живот“.
Дончиќ (27) со тоа потврди дека раскинал со Анамарија Голтеш, која беше една година постара. Најпознатиот Словенец ја познава својата сонародничка уште од детството и е во врска со неа од 2016 година. Тие се свршија во јули 2023 година, а ја добија својата прва ќерка, Габриела, во ноември истата година, додека Дончиќ сè уште играше за Далас Маверикс.
Полицијата спроведе разговори со двете страни и во официјалниот извештај, до кој имаше пристап ЕСПН, се наведува дека „не се пронајдени елементи на кривично дело или прекршок“ од страна на Дончиќ. Истиот ден, Дончиќ се вратил во Соединетите Американски Држави и оттогаш, според изворите, не ги видел ниту своите ќерки ниту Голтеш.
Во средината на таа мачна борба, Дончиќ се одлучи на посета уште една НБА суперѕвезда од Балканот. Лејкерси играа против Денвер Нагетс пред шест дена, кога беше направена фотографија што ја објави словенечкиот кошаркар Влатко Цанчар, кој до неодамна играше за Денвер.
Стајлингот на Јокиќ на тој собир привлече најголемо внимание. Тој ги пречека гостите во шорцеви и долна маица.
„Се дружевме кај мене дома, па на теренот беше само работа“, потврди Јокиќ, кој повторно ќе игра против Дончиќ за три дена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

