ПСЖ прави и кошаркарски тим

Сопственичката структура на фудбалскиот клуб ПСЖ, наскоро треба да поднесе барање за НБА Европа. Компанијата „Катар инвестмент груп“, која го има фудбалскиот и ракометниот тим, активно работи на испраќање официјална понуда до НБА.

Нешто вакво не е изненадувачки, затоа што и самите челници од НБА лигата постојано зборуваа за нова франшиза од Париз и идејата за создавање на кошаркарски тимови од фудбалски секции како што се Манчестер или Париз.

Лидерите на НБА го гледаат ПСЖ како голем глобален бренд и идеална можност да го привлечат вниманието кон проектот, кој треба да стартува идната година.

За потсетување, ПСЖ има договор за спонзорство со брендот „Џордан“, а Кевин Дурант е малцински сопственик на клубот.

Се вчитува...