Лука Дончиќ и Никола Јокиќ приредија врвен спектакл синоќа, во пресметката меѓу ЛА Лејкерс и Денвер Нагетс, која ја добија Лејкерси со 127-125, по продолжение.
Последниот напад од играта природно му припадна на Лука Дончиќ. Добрата одбрана на Спенсер Џонс врз него беше залудна, Лука погоди преку глава за триумф на Лејкер.
Дончиќ го заврши натпреварот со трипл-дабл настап. Тој постигна 30 поени, имаше 13 асистенции и 11 скока.
LUKA. BALLGAME.
LUKA DONCIC WINS IT IN THE CLUTCH FOR THE LAKERS 🔥 pic.twitter.com/yIXlJGvbnN
— ESPN (@espn) March 15, 2026
Од друга страна, уште една монструозна игра одигра Никола Јокиќ. Секако, тој постигна уште еден трипл-дабл. Во овој дуел, српскиот кошаркар постигна 24 поени, зеде 16 скока и додаде 14 топки.
Интересно е што Дончиќ и Јокиќ не беа најефикасни. Остин Ривс постигна 32 поени за Лејкерси, додека Арон Гордон постигна 27 за Нагетсите.
Ривс го одведе натпреварот во продолжение на нереален начин. Тој промаши намерно второ слободно фрлање, дојде до офанзивен скок, а потоа постигна кош за 118-118 за дополнителни пет минути игра.
AUSTIN REAVES GRABS THE BOARD OFF HIS OWN MISSED FREE THROW AND TIES THE GAME 😲
WE ARE GOING TO OT! pic.twitter.com/aPZAJkEpxM
— NBA (@NBA) March 15, 2026
Лејкерси моментално се третиот тим во Западната конференција на НБА лигата со сооднос од 42 победи и 25 порази, додека Нагетсите се на шестото место со сооднос од 41-27 и до крајот на сезоната ќе има голема битка за позициите на врвот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

