По завршувањето на сезонава, Ељиф Елмас ќе треба да се врати во германски Лајпциг, само доколку Наполи или некој друг не одлучи да го откупи неговиот договор. Долго време се претпоставува дека Наполи ќе го ангажира повторно со перманентен трансфер, откако во последно време се наметна како еден од клучните играчи на тимот на Антонио Конте.
Но, ако тоа не се случи, тогаш на лето сигурно ќе замине во друг клуб, односно нема да остане во Лајпциг. Германскиот тим веќе не смета на него, а и веќе договара засилувања од средниот ред, каде што игра и македонскиот репрезентативец.
Станува збор за фудбалерот од средниот ред на Борусија Менхенгладбах, Роко Рејц. Рејц игра на сите позиции во средниот ред, и ќе се пресели на „Ред Бул Арената“ за 20 милиони евра, со договор до 2031 година.
Тоа е уште причина за Елмас да размислува да следниот чекор во својата кариера.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

