Фудбалската федерација на Иран почна преговори со Светската фудбалска федерација ФИФА своите натпревари на Светското првенство да ги игра надвор од САД.
Сето ова доаѓа по контроверзните изјави на претседателот на САД, Доналд Трамп кој рече дека за Иран е подобро да не игра на Мундијалот.
Иранската дипломатија во Мексико соопшти дека нивната федерација сака натпреварите да се одиграат токму во таа земја.
Сепак, ФИФА не е наклонета кон промени на домаќинствата на помалку од 100 дена пред стартот на турнирот.
Иран на шампионатот е во групата Г заедно со репрезентациите на Белгија, Египет и Нов Зеланд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

