Хрватска лесно до триумф над македонските кошаркарки

Македонската кошаркарска репрезентација претрпе уште еден пораз, за крај на квалификациите за претстојниот Евробаскет откако нашата А-селекција загуби на домашен терен од Хрватска со 53-91. По убедливите порази во Данска и во Грција, нашите кошаркарки квалификацискиот циклус го завршија на домашен терен, а проблем плус за селекторот Ашаданов беше што Американката Хемпе поради повреда не можеше да настапи вечерва.

Очекувано, Хрватска наметна темпо што нашите кошаркарки не можеа да го следат, па гостинките веќе на полувреме ја имаа осигурано победата водејќи со 25-45. Доминацијата на Хрватска продолжи и во продолжението од натпреварот, гостинките имаа 36-69, за до крајот позитивата на гостинскиот состав да стигне до „плус 38“.

Николиќ беше најдобра во македонскиот табор на овој натпревар со 16 поени и 5 асистенции, а двоцифрен ефект имаше и Селцова со 13 поени.

 

КВАЛИФИКАЦИИ – ЕВРОБАСКЕТ 2027

РЕЗУЛТАТИ 6. КОЛО

Грција – Данска 99:77

МАКЕДОНИЈА – Хрватска 41:76

ТАБЕЛА

1. Хрватска 6 4 2 395:371 10

2.Грција 6 4 2 544:465 10

3.Данска 6 3 3 533:470 8

4.МАКЕДОНИЈА 6 1 5 322:488 7

Се вчитува...