Нов голем успех за Катерина Ацевска. На Европското првенство во џиу џицу борби што се одржа во Хераклион на островот Крит, Катерина го освои третото место и бронзениот медал.
По елиминациските фази, и победата над италијанската репрезентативка од 9-2, во борбата за медал се бореше против хрватската натпреварувачка, и победи со резултат 14-4.
„Задоволен сум од настапот на Катерина, успеавме во конкуренција од 10 борци да дојдеме до третото место. Сепак морам да нагласам дека ждребот не ни беше наклонет. Русинката што стана европски шампион за 2026, пред само неколку месеци изгуби од Катерина на Светското првенство во Тајланд. Тука не се сретнаа. Сепак, морам да нагласам дека натпреварувачката од Хрватска во 2024 година беше светски шампион, Катерина пет пати по ред на различни турнири губи токму од неа, но сега за првпат ја победи што укажува на спремноста и решителноста на Катерина. Германката која дојде до европската вицешампионска титула изгуби од Катерина на минатото Европско првенство во Белгија. Сепак сум задоволен, продолжуваме понатаму“ – истакна македонскиот селектор Горан Мицкоски.
Катерина е втора на Светската ранг листа во џиу-џицу, во моментов најдобар ранг во било кој спорт во Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

