ПСЖ остана без важен играч во клучниот дел од сезоната

ПСЖ скапо ја плати победата на гостувањето против Челси откако актуелниот европски првак остана без услугите на Бредли Баркола.

Одличниот француски офанзивец мораше поради повреда предвреме да го напушти теренот, а деталните прегледи покажаа сериозно истегнување на лигаментите во скочниот зглоб на десната нога.

Добра вест е што лигаментите не се скинати, но Баркола секако го очекува пауза од најмалку дваесетина дена. Ова значи дека големиот талент ќе го пропушти претстојниот собир на француската репрезентација, а крајно неизвесно е дали Баркола ќе може да му помогне на ПСЖ во четвртфиналето од ЛШ во кое „светците“ за противник ќе го имаат подобриот од двомечот меѓу Галатасарај и Ливерпул.

Се вчитува...