Се поголемо е незадоволството во таборото на Ливерпул од слабите игри на „црвените’, што придонесува сериозно да се тресе тренерското столче на Арне Слот.
Долго време за апсолутен фаворит за нов стратег на „црвените“ важеше Чаби Алонсо, но последните информации говорат дека неочекуван стратег се вклучува сериозно во оваа трка. Информациите од локалните медиуми од Ливерпул тврдат дека актуелниот англиски првак паралелно со Алонсо ја разгледува и можноста за ангажман на Себастијан Хенес.
Германскиот стратег со успех го води тимот на Штутгарт, а офанзивниот пристап на „швабите“ е препораката пораид која овој стручњак е високо на листата со желби на англискиот гигант.
Хенес беше споменуван и како нов тренер на Баерн пред баварскиот гигант да го именува Компани, тогаш тој остана лојален на Штутгарт, но овојпат ситуацијата е поинаква, стратегот чувствува дека е дојдено времето за поголем предизвик во тренерската кариера и подготвен е да ја прифати понудата на Ливерпул.
Речиси сигурно е дека Слот ќе ја доврши сезоната на „Енфилд“, но огромни се шансите холандскиот стратег летово да добие отказ една година пред истекот на договорот со англискиот гигант. А доколку тоа се случи, Хенес дефинитивно ќе биде еден од главните кандидати за нов менаџер на Ливерпул.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

