Јубилеј: Меси стигна до 900 гола во кариерата

Лионел Меси стигна до уште едно неверојатно остварување во кариерата откако Аргентинецот на синоќешниот дуел против Нешвил го постигна својот 900. погодок во кариерата.

Меси неколку средби беше „заглавен„ на 899, на рано утрово блесна во сиот свој сјај, со мајсторски удар од десетина метри матирајќи го противничкиот голман.

За Лео ова беше 81. погодок во дресот на Интер Мајами, тој има 32 како член на ПСЖ, дури 672 во настапите за Барселона, како и 115 за аргентинската репрезентација.

Историјата поча да се пишува во 2005 година, кога против Албасете тој на 17-годишна возраст стана најмлад стрелец во историјата на Барселона во тоа време. Дваесет и една година подоцна, Меси се уште испишува нови страници во фудбалската историја.

Се вчитува...