Лига на Конференции: АЕК за малку „од готово вересија“, Мајнц и Фиорентина во 1/4 финале

И покрај тоа што имаше предност од убедливи 4-0 по првиот меч против Целје, екипата на АЕК Атина за малку ќе направеше „од готово – вересија“. Словенечкиот тим брзо дојде до предност од 0-2, и се закануваше дека може да направи чудо.

Jосифов во 13. минута донесе предност за гостите, а потоа во 42. минута Пожег зголеми на два разлика. Но, Целје немаше сили за уште еден гол и драма во финишот.

Мајнц го елиминираше тимот на Сигма Оломуц откако го совладаа на домашен терен со 2-0. По првиот меч беше без голови, а на реваншот Пош и Зиеб ја донесоа победата.

Фиорентина триумфираше и на реваншот кај Раков. Струски донесе предност за полскиот тим, но Ндур и Понграчиќ донесоа пресврт и триумф за „виолетовите“ и пласман во 1/4 финалето.

СЕ игра и на Кипар, каде што АЕК Ларнака и Кристал Палас играат продолженија, откако мечот во регуларниот дел заврши 1-1.

Се вчитува...