Најголемата македонска фудбалска легенда, Дарко Панчев е најдобриот македонски фудбалер на сите времиња, според изборот и на „Балкан Бет“, а врз основа на гласовите на фудбалските фанатици од поранешните југословенски републики.
Според тој изборот, нашата „Кобра“ е најдобриот Македонец во фудбалот, во историјата.
Во изборот на „Балкан Бет“, најдобар црногорски фудбалер на сите времиња е Дејан Савичевиќ, најдобар хрватски фудбалер е Лука Модриќ, а најдобар Србин, според гласовите на читателите – Немања Видиќ.
Најдобар фудбалер од БиХ на сите времиња е Сафет Сушиќ, а најдобар пак словенечки фудбалер е голманот Јан Облак.
Како што информираат од „Балкан бет“ во изборот биле вклучени повеќе од 40.000 нивни следачи од сите држави произлезени од поранешна Југославија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

