Хрватскиот репрезентативец Доминик Ливаковиќ, е пред заминување од Динамо Загреб после само шест месеци. Ливаковиќ оваа зима се врати на „Максимир“, и добро оди. Тимот на Динамо повторно граби кон нова титула во првенството, а враќањето на Ливаковиќ донесе сигурност меѓу диреците за „модрите“.
Иако се чинеше дека Динамо без проблеми ќе то откупи, и дека после неуспесите во Фенербахче и во Џирона, ја најде вистинската средина, понудата од Торино ги мати сметките за голманот. Иако тој најави дека сака во Динамо да ја заврши кариерата, сепак, италијанскиот клуб е во сериозни преговори за носење на Хрватот.
Ливаковиќ се врати во Динамо да ја врати и формата за настап на Мундијалот оваа година во САД, Мексико и Канада. Тој сигурно ќе биде прв избор на селекторот Златко Далиќ, а потоа ќе стане јасно дали ќе остане и натаму да биде дел од „модрите“, или, пак, ќе се одлучи одново да си ја проба среќата во странство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

