ФФМ го донесе новиот Статут на федерација: По 15 години промени за развој во корелација со УЕФА и ФИФА

Собранието на ФФМ на денешната своја седница го усвои новиот Статут на ФФМ. По цели 15 години, за првпат измени на Статутот усогласен со барањата на УЕФА и ФИФА, претходно со измени и дополнување на Статутот на ФФМ.

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ рече дека со овој Стату ќе нема повеќе клубови „на хартија“ и нема повеќе фиктивни натпревари.

„Во корелација со УЕФА и ФИФА, после 15 години носиме нов Статут на ФФМ, носиме ред и поредок, со крај на еден застарен систем. Со новиот Статут нема повеќе клубови на хартија, нема повеќе фиктивни натпревари, но единствено во насока на вистински развој на играта. Од фикција одиме кон реалност” – истакна првиот човек на ФФМ, Масар Омерагиќ.

Собранието на ФФМ на денешната своја годишна седница, исто така, едногласно ги усвои извештаите за работа на претседателот на ФФМ и на Управниот одбор за изминатата година, извештајот на Надзорниот одбор на ФФМ како и извештаите на правните органи и лиценцните тела за 2025 година. Беше усвоен и извештајот од администрацијата на ФФМ за исполнување на Стратегискиот план 2021-2025 кој го презентираше генералниот секретар на ФФМ, Леонид Јандреоски. Усвоен и извештајот од независниот ревизор за 2025 година, како и завршната сметка за изминатата година.

Собранието на ФФМ го усвои едногласно и буџетот за 2026 година.

Се вчитува...