Белингем: Ние сме Реал Мадрид, нема да се криеме

Реал Мадрид се соочува со сериозна опасност да ја заврши сезоната без ниту еден освоен трофеј, откако се најде во голема негатива зад Барселона во трката за титулата во Примера дивизион.

Токму затоа, вечерашниот дуел со Баерн во Минхен е исклучително важен, Реал ќе брка негатива од еден гол по поразот во Мадрид, но Џуд Белингем најавува дека „кралевите“ се максимално подготвени за 90 минути жестока борба.

„Свесни сме за нашата ситуација, дуелот во Минхен е како финале за нас. Цела сезона ни зависи од тоа, не сакаме да останеме без трофеј… Ќе дадеме се од себе, влогот е огромен, но нема да се криеме, ке излеземе и ќе се бориме бидејќи победата ни е единствена опција. Ние сме Реал Мадрид и секогаш одиме на триумф“, истакна Белингем.

Англискиот ас е најавен како стартер во Минхен откако целосно ги надмина проблемите со повредата поради која подолг период мина надвор од терените.

„Се чувствувам добро, но оваа сезона беше разочарувачка за мене, толку многу повреди, пропуштени натпревари…. Со новиот тренер ми е сменета улогата, претходно играв понапред во „дијамант“ формацијата, сега Арбелоа ме врати нешто поназад во средниот ред. Сакам да постигнам што повеќе погодоци, но исто така морам и да помагам во одбраната, треба да најдам рамнотежа. Она што е најважно е да му помогнам на тимот, да ги исполнам задачите што тренерот ќе ми ги даде“, вели англискиот интернационалец во редовите на Реал Мадрид.

Се вчитува...