ШОК ОД ЕКВАДОР: Судија убиен на фудбалски натпревар

Фудбалскиот судија Хавиер Ортега беше убиен за време на натпревар во Еквадор. Трагедијата се случи во неделата во градот Пасај, во крајбрежната покраина Ел Оро, кога вооружени напаѓачи му се приближија на судијата, отворија оган, а потоа избегаа во непознат правец, пишува „Дејли меил“, кој не ги прецизираше точните имиња на тимовите.

Медицинските служби можеа само да ја констатираат смртта на локалниот судија. Натпреварот беше прекинат, додека играчите и публиката во паника бараа засолниште. Локалните власти набрзо го блокираа подрачјето за да можат форензичките експерти да спроведат истрага, а првите сомневања укажуваат дека станува збор за целна ликвидација.

Фудбалските претставници изјавија дека е апсолутно неприфатливо некој да го изгуби животот вршејќи ја својата работа на теренот, додека полицијата го опиша чинот како ладнокрвно злосторство извршено на место посветено на спортот и заедницата.

Се вчитува...