Росениор доби отказ, Челси пак ќе менува тренер

Раководството на Челси ја шокираше јавноста со одлуката да го отпушти Енцо Мареска, уште повеќе откако за негов наследник од Стразбур беше доведен Лијам Росениор, стратег без никакво искуство во елитното англиско фудбалско друштво. Грешката беше признаена попладнево, откако управата на „сините“ реши да ја прекине соработката со Росениор, врачувајќи му отказ само три месеци откако потпиша договор на шест години со овој стратег.

Младиот стручњак почна солидно, но последните резултати беа најблаго речено катастрофални – Челси за првпат по над 100 години пауза врза пет порази во низа во Премиер-лигата, без ниту еден постигнат погодок во овој период.

Управата смета дека му дала доволно поддршка на Росениор, но се поочигледно е дека тој нема капацитет да го разбуди тимот од сонот во кој падна од почетокот на месец април.

Од утрово веќе се почнати кризните разговори во лондонскиот клуб за попладнево да биде донесена конечна одлука, отказ за Росениор, а во наредните денови ќе биде именуван привремен тренер до крајот на сезонава, по што летово ќе биде ангажирано долгорочно решение за менаџерската функција во Челси, со Маурицио Покаетино како главна желба на американските газди на „сините“.

Се вчитува...