Фудбалерите на Барселона имаат предност од 1-0 на домашен терен против Селта Виго во последниот натпревар од денешната понуда од 33. коло во шпанската Ла лига.
Стрелец на голот за водство за Каталонците беше Ламин Јамал од пенал во 40. минута. Но, по изведувањето на пеналот младата ѕвезда на Каталонците се пожали на повреда поради која мораше да го напушти теренот.
Сепак, тука не беше крајот на драматичните моменти. Судијата доби знак дека на некој навивач на трибините му се слошило и средбата беше прекината скоро 15 минути.
Barcelona [1] – 0 Celta Vigo – Lamine Yamal (penalty) 40'
byu/gbogaz insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
