Фудбалерите на Лацио се пласираа во финалето на Копа Италија откако вечерва во трилер меч по изведување на пенали славеа над Аталанта со 1-2, откако по 120 минути резултатот беше 1-1.
Мрежите мируваа се до 84. минута, а тогаш двата тима ни приредија вистински спектакл. Токму во оваа минута гостите стигнаа до водство од 0-1 со погодокот на Ромањоли. Сепак, Марио Пашалиќ не дозволи елиминација на неговиот тим по 90 минути, откако израмни на 1-1 само две минути подоцна.
Откако и првиот натпревар заврши без победник (2-2), поради ремито и вечерва мечот замина во продолженија два пати по петнаесет минути. Во продолжението Распадори стрелаше во 95. минута, но неговиот гол поради офсајд беше поништен со ВАР. До крајот на продолженијата мируваа мрежите, а мечот замина во пенал-рулетот.
Таму, голманот на Лацио Едуардо Мота одбрани четири пенали, а гостите славеа со 1-2.
Atalanta vs Lazio – Penalty shootout (1-2)
byu/Meladroit10 insoccer
Во финалето тие за противник ќе го имаат Интер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
