Барса ја совлада Селта Виго, но го загуби Јамал (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона стигнаа до нова победа во домашниот шампионат откако вечерва славеа на домашен терен против Селта Виго со 1-0 во натпревар од 33. коло во шпанската Ла лига. И покрај победата Ханси Флик ќе има големи главоболки бидејќи на мечот ја загуби својата прва ѕвезда Ламин Јамал.

Стрелец на голот за водство за Каталонците од 1-0 беше токму Јамал од пенал во 40. минута. Но, по изведувањето на пеналот младата ѕвезда на Каталонците се пожали на повреда поради која мораше да го напушти теренот. Сепак, тука не беше крајот на драматичните моменти во првиот дел. Судијата доби знак дека на некој навивач на трибините му се слошило и средбата беше прекината скоро 15 минути.

Во вториот дел Феран Торес стрелаше за 2-0 во 56. минута, но неговиот гол поради офсајд беше поништен од ВАР технологијата.

Barcelona [1] – 0 Celta Vigo – Lamine Yamal (penalty) 40‎'‎
byu/gbogaz insoccer

 

Се вчитува...