Гвардиола: Овие момци се најневеројатното нешто во мојот живот

По подолг период сезонава Арсенал веќе не е на врвот на табелата во Премиерлигата, откако Манчестер сити славеше на гостувањето кај Барнли со минимални 0-1 во  натпревар од 34. коло.

Сити сега има ист број бодови (70) и гол разлика (+37) како Арсенал, но предноста се должи на бројот на повеќе постигнати голови.

„Реков дека победата е главната цел со оглед на последните три дена, и емоционално и физички. Играта што ја одигравме беше извонредна, освен во првото полувреме, кога не се браневме добро во две ситуации. Второто полувреме беше генерално добро, создадовме шанси, но не успеавме да постигнеме повеќе голови. Овие момцие се најневеројатното нешто во мојот живот“, рече Гвардиола.

Се вчитува...