Уште двајца кандидати на списокот за нов менаџер на Челси

Калум Мекфарлан ќе биде менаџер на Челси до крајот на сезоната, а „сините“ веќе се во потрага по ново име кое би седнало на клупата за следната сезона.

Проектот со Лиам Розениор, кој дојде како ентузијастичен експерт од Стразбур, не успеа. По само три и пол месеци, англискиот тренер беше отпуштен. 

На списокот се додадени нови две имиња. Станува збор за Фелипе Луис кој е меѓу најголемите фаворити да седне на клупата на „Сините“ откако ја заврши многу успешната соработка со Фламенго на почетокот на годината. Тој беше отпуштен без посебна причина и сега се стреми кон европски предизвик. Не е толку високо рангиран Сеск Фабрегас, чија мисија во Комо ќе заврши во одреден момент. Тој е еден од тренерите кои инспирираат и се чини дека е подготвен за поголем предизвик.

Но, дали некој од нив ќе прифати работа во сегашниот Челси останува да се види. Од сенка фаворит е Андони Ираола, додека Един Терзиќ повеќе не е опција, затоа што ја прифатил понудата од Атлетик Билбао.

Се вчитува...