Објавени првите прогнози за Мундијалот 2026: Кои се фаворити!? Хрватите лути!

Објавени се првите прогнози за престојното Светско првенство 2026, кое ќе се игра од 11 јуни до 19 јули во Мексико, Канада и САД.

Еден од најпознатите сајтови за фудбалска статистика и анализа „Опта Џо“ објави прогнози за најголемите фаворити на Светското првенство на северноамериканскиот континент.

На 48 дена до почетокот на турнирот, најголеми шанси за освојување на трофејот му се даваат на актуелниот европски шампион Шпанија со 16,3 проценти.

Актуелниот шампион Аргентина е на четвртото место со веројатност од 10,7%, а доколку повторно станат светски шампиони, „гаучосите“ ќе станат првата репрезентација по Бразил во 1962 година што успешно ја одбранила титулата.

Поголеми шанси им се даваат на Франција (12,4%) и Англија (11,3%), додека зад Аргентина на Меси е Португалија на Кристијано Роналдо со 6,9% шанси.

Следат Бразил (6,1), Германија (5,7), Холандија (3,9) и донекаде неочекувано Норвешка (3,4), пред Белгија (2,3), Колумбија (2) и Мароко (1,7).

Хрватите лути: Крајно потценување!

Крајно изненадувачки, дури на 17. место е селекцијата на Хрватска со 1,3%, што е исто како и домаќинот САД, а пред нив се Уругвај, Мексико, Еквадор и Швајцарија.

„Нема да верувате колку ја потценија Хрватска пред Светското првенство, ќе го паметиме ова за нив“, пишува Вечерњи лист.

Аутсајдерите Курасао, Хаити, Зелено’ртски Острови, Саудиска Арабија и Катар се сместени на дното од скалата и немаат шанси (0%).

Вториот претставник на поранешна Југославија, репрезентацијата на БиХ, е на 32. место со 0,2% шанси за титулата.

Се вчитува...