УЕФА го казни Престијани, но не за расизам…

УЕФА по неколку месеци конечно изрече казна за Џанлука Престијани, кој беше обвинет дека расистички го навредувал Винсиус за време на натпреварот меѓу Бенфика и Реал Мадрид што се одигра во Лисабон.

„Кралевите“ беа бесни, Винисиус неколку минути одбиваше да се врати на теренот, мечот конечно продолжи, а истрагата на УЕФА траеше подолго од очекувањата. Денеска конечно пристигна казната – Престијани е казнет со шест меча суспензија, од кои половина е условна казна (ќе се активира доколку го повтори престапот со сличен инцидент).

И покрај бројните докази собрани во истрагата, не можеше да биде докажано дека Престијани употребувал расистички навреди во комуникацијата со Винисиус.

Затоа, тој е казнет за хомофобични навреди кон противнички фудбалер, што во случајов е среќна околност бидејќи санкциите во случај на расизам ќе беа далеку, далеку поригорозни.

Се вчитува...