Голема трагедија: Почина поранешен репрезентативец на Нигерија

Поранешниот напаѓач на Нигерија, Мајкл Енерамо, почина ненадејно утрово на 40-годишна возраст, откако му се слошило за време на тренинг. Според извештаите на нигериските медиуми, фудбалерот колабирал на теренот, а обидите на медицинските лица за реанимација биле безуспешни.

Енерамо остави длабок траг во турскиот фудбал, каде во периодот од 2010 до 2017 година настапуваше за екипи како Бешикташ, Сиваспор, Башакшехир и Карабукспор. Во својата богата кариера играше и за Есперанса Тунис, како и во клубови од Алжир и Саудиска Арабија.

За репрезентацијата на Нигерија запиша 10 настапи и постигна три гола. Фудбалскиот свет се збогува со робусниот напаѓач кој важеше за еден од најопасните стрелци во турскиот шампионат во својата ера.

Се вчитува...