Нотингем Форест со „петарда“ против Сандерленд се доближи до опстанок (ВИДЕО)

Нотингем Форест за 20 минути постигна четири гола во дуелот со Сандерленд, и славеше триумф со што во голема мера го реши прашањето околу опстанокот во Премиерлигата, оставајќи ги Вест Хем и Тотенхем да се „борат“ кој ќе испадне во Чемпионшип. Нотингем на крајот постигна и петти гол за убедлив триумф со „петарда“.

Гол серијата почна со автоголот на Хуме во 17. минута од средбата. Потоа на 2-0 зголеми Вуд, а Гибс Вајт во 34. минута зголеми и на 0-3 за „шумарите“.

Игор Жесус во 37. минута стави крај на гол серијата на гостите во првиот дел, за Андерсон во финишот ги постави конечните 0-5.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...