Галатасарај направи џиновски чекор кон нова титула во турскиот шампионат откако славеше во дербито со вечниоот ривал Фенербахче со 3-0, по што сега има седум бода предност на три кола до крајот на сезоната.
Дерби дуелите во турското првенсство секогаш изобилуваат со набој и голема нервоза, исклучок не беше ниту денешниот меч што гостите го завршија со играч помалку по црвениот картон на голманот Едерсон.
Талиска е трагичарот на Фенербахче откако промаши пенал во првото полувреме при 0-0, по што неколку минути подоцна Галата поведе преку Виктор Осимен. Голот на Тореира за 2-0 беше поништен со ВАР, но потоа дојде до хаос по досудениот пенал за Галатасарај. Едерсон, кој веќе имаше жолт картон за приговор, одбиваше да се упати кон гол-линијата за пеналот да биде изведен, по што судијата му покажа втор картон и го испрати кон соблекувалните.
Екс-голманот на Манчестер сити полуде и сакаше и физички да се пресмета со главниот судија, на крајот се упати надвор од теренот, а Галата знаеше како да ја искористи оваа предност, најпрвин преку Јилмаз од пенал зголемувајќи на 2-0, а потоа преку Тореира поставувајќи ги конечните 3-0.
Ederson kaleye geçmedi, ikici sarı karttan kırmızı kart gördü. dk’61
———
Ana Sayfamız @GOLAZOOOSports#GSvFB Galatasaray – Fenerbahçe#BugünGünlerdenGalatasaray#FenerinMaçıVar pic.twitter.com/dtwiYPiEKt— 6Pas Sports (@6pasSports27581) April 26, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
