Олимпијакос прелесно стигна до втората победа во дуелите со Монако во 1/4 финалето во кошаркарската Евролига, откако на свој терен го совлада противникот со дури 30 поени разлика (94-64).
Олимпијакос уште од стартот наметна темпо, првата четвртина ја доби со 28-23, а се чини до конечниот триумф стигна уште на полувремето, кога замина со предност од 59-31. Монако за момент се врати во третиот период, но далеку беше тоа од нешто повеќе, а во последната четвртина грчката екипа носена од своите навивачи само ја запечати победата.
Везенков со 21 поен беше најефикасен кај Олимпијакос, додека кај Монако слаб учинок на најдобриот игра – 11 поени на Хајс.
Нешто потешко помина Фенербахче во дуелот со Жалгирис, и на крајот победи со 86-74, и така и тие зголемија на 2-0 во серијата. Фенер во текот на целиот меч ја контролираше играта и резултатот и стигна заслужено до втората радост.
Искусните Мели и Де Коло постигнаа по 17, односно 16 поени и го предводеа тимот до триумфот, додека Тубелис и Рајт кај Жалгирис исто така постигнаа по 16 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
