Капитенот на Фенербахче, Мерт Хакан Јандаш е суспендиран на една година, откако беше докажано дека е вмешан во скандал со обложување. Одлуката ја донесе Дисциплинската комисија на професионалниот фудбал во Турција.
Во декември 2025 година Јандаш беше приведен како дел од истрага за местење на натпревари и обложување. Против него беше покренато обвинение во февруари 2026 година, и според извештаите може да се соочи со затворска казна во траење и повеќе од 17 години.
Тој се огласи на социјалните мрежи.
„Моите адвокати и поискусните колеги ми советуваат да почекам до арбитражниот процес. Ме избраа како жртвено јагне. Знам дека мојата судбина е решена. Не верувам дека неправедната и незаконска одлука против мене ќе се промени, но верувам дека има луѓе кои се плашат од Бога. Затоа, ќе дадам детална изјава по арбитражата… Се надевам дека ќе земете предвид дека и јас имам семејство и дека не ме казнувате само мене“, напиша Јандаш на социјалната мрежа „X“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
