Многу веројатно е дека едниот финалист во Лигата на Конференции ќе биде тимот на Кристал Палас. Англичаните славеа на гости во Краков кај Шахтјор со 1-3, и така се доближија до финалниот натпревар.
Палас уште во 22 секунда стигнаа до водство преку Сар, кој прими одлично додавање во шеснаесетникот и го совлада голманот на украинскиот тим.
На вториот гол се чекаше до 48. минута. И тој беше израмнувачки за Шахтјор. Корнер за украинскиот тим, Елиас ја префрли со глава до Очеретко, кој без проблеми успеа да донесе израмнување.
Кристал Палас тргна по ново водство, имаше шанси и Сар, и Матета, но голманот Ризник успеа да одбрани. Потоа Матета ја погоди и стативата, меѓутоа не промаши Камада кој успеа да донесе нова предност за гостите. Конечните 1-3 ги постави Странд-Ларсен.
Рајо Ваљекано со голот на Алемао во 54. минута го победи Стразбур, и со еден гол предност ќе патува на реваншот во Франција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
