Најдобриот тенисер на денешницата Јаник Синер стигна и до четвртото финале на АТП мастерс 1000 турнирите сезонава откако се квалификуваше во мечот за трофејот на турнирот во Мадрид.
Во првото полуфинале во главниот град на Шпанија, Италијанецот рутински со максимални 2-0, по сетови 6-4 и 6-2 славеше против младата француска тениска надеж, Артур Фис.
Во финалето Синер го чека подобриот од дуелот меѓу Германецот, Александер Зверев и Белгиецот, Александер Блокс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
