Реал Мадрид е на чекор до фајналфор откако „кралскиот клуб“ поведе со 2-0 во четвртфиналната серија со Хапоел, славејќи на вториот меч на домашен терен со резултат 102-75.
Избраниците на Скариоло одиграа уште еден квалитетен меч во кој во првото полувреме можеше да се проследи егал кошарка, но затоа вториот дел мина во целосна доминација на „кралевите“ кои за 20 минути направија 62-33, трасирајќи си го патот кон Ф4. Шпанскиот гигант по овие одлични партии со големи 2-0 влегувт во продолжението на серијата во Бугарија, каде Хапоел ќе ги игра своите домашни натпревари.
Мора да се истакне и катастрофалниот однос на израелскиот тим во овој двомеч, на првиот дуел поради конфликт со судиите беше исклучен тренерот Итудис, а вечерва поради иста причина предвреме мечот го заврши Василије Мициќ.
Кампацо пак беше прва виолина на Реал Мадрид со 23 поени, а во ситуација кога е повреден центарот Тавареш одлично се снајде Гаруба, кој стигна до 13 поени и 9 скокови. Кај Хапоел најефикасен во овој убедлив пораз беше Отуру со 19 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
