Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс го елиминираа Хјустон рокетс со 4-2 во плејоф серијата во Западната конференција откако синоќа славеа на гостувањето во Тексас со 78-98.
Во отсуство на Лука Дончиќ кој ја пропушти цела оваа серија повторно најдобар беше неверојатниот Леброн Џејмс кој мечот го заврши со 27 поени, надополнети со седум скока и осум асистенции. Кај поразените Амен Томпсон заврши со 18 поени.
Три од четири серии на истокот пак ни донесоа мајсторка. Откако од претходно се знаеше дека последниот меч ќе решава за серијата меѓу Бостон и Филаделфија истото ќе се случи и во дуелите меѓу Кливленд и Торонто и Детроит и Орландо.
Торонто во трилер меч со тројка на секунда до крајот славеше во Канада против Кливленд со 112-110.
Детроит пак се врати од негатива од 24 поени против Орландо кој постигна само 19 поени во вториот дел и на крајот славеше со 93-79.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
