„ПРЕСИНГ“: Како Васил Рингов и уште десеттина вардарови фудбалери се осудени за затајување данок поради вина на клубот! (ВИДЕО)

Најновата епизода на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“ на ЕКИПА.МК е посветена на легендата на Вардар и македонскиот фудбал, Васил Рингов, кој на крајот од минатата година го напушти, помалку неочекувано, овој свет.

А, гостин во специјалната епизода посветена на животниот пат на Васил Рингов е истакнатиот македонски новинар и публицист, Срѓан Ивановиќ, автор токму на биографијата за фудбалската легенда – „Фудбал под сенка“, која излезе постхумно.

Меѓу бројните теми поврзани со ликот и делото на Васил Рингов, Ивановиќ се потсетува на една непријатна епизода од животот на Васил Рингов, но и останатите вардарови фудбалери од тимот од осумдесеттите години на минатиот век кога биле осудени за затајување данок поради вина на клубот.

„Значи, тоа што се правело се правело далеку од очите на законот. Југославија беше комплицирана држава, како што денеска е Македонија. Постоеја правосудни органи,но кои би рекол беа многу понезависни отколку тоа што се денес. Кога истрагата докажала дека тука имало, не би рекол дека тоа е некое класично затајување на данок, но не бил платен данок на премии. Тука Рингов вели: „Ние поим немавме ништо од тоа. Клубот се спогоди со судот и сите ние“, вика, „бевме осудени на условна и парична казна. Тој тука гледа исклучителна вина во клубот, кој едноставно тие пари требало да ги плати, но и ако не ги платил, требало на фудбалерите да им каже“ – раскажува Ивановиќ, и дополнува:

„Сепак, мора да знаеме дека тоа се и осумдесеттите години од минатиот век. Многу е мала информираноста за финансиската структура во тоа време, нели, и за даночната писменост кај населението“.

МНОГУ ПОВЕЌЕ ЗА ЦЕЛАТА ОВАА ПРИКАЗНА, И ЗА СИТЕ СЛУЧУВАЊА ЗА ВРЕМЕ НА СУДЕЊЕТО ВО СУДНИЦАТА, МОЖЕ ДА ПРОЧИТАТЕ ВО БИОГРАФИЈАТА НА ВАСИЛ РИНГОВ – „ФУДБАЛ ПОД СЕНКА“ КОЈА МОЖЕ ДА СЕ НАЈДЕ ВО ПРОДАВНИЦИТЕ НА ЛИТЕРАТУРА

==================================================

ЦЕЛИОТ ПОДКАСТ „ПРЕСИНГ“ ПОСВЕТЕН НА ВАСИЛ РИНГОВ МОЖЕ ДА ГО ГЛЕДАТЕ ТУКА….

==================================================

Се вчитува...