Американската јавност е во шок по тешката авионска несреќа во која животот го загубија пет лица, членови на пиклбол клуб од Амарило. Авионот се урнал околу 23 часот во планинската област Тексас Хил Кантри, при што на местото на настанот загинале пилотот и четворицата патници.
Трагедијата е уште поголема бидејќи жртвите биле дел од група која патувала со два авиони. Додека едното летало безбедно слетало, другото исчезнало од радарите по неправилно движење во воздухот. Снимките од контролата на летање откриваат дека пилотот на вториот авион панично се обидувал да воспостави контакт со своите колеги, додека друг авион во близина веќе регистрирал сигнал за итна помош.
Од клубот во Амарило ја потврдија загубата на своите долгогодишни членови, иако идентитетот на жртвите сè уште не е официјално соопштен. Сојузните власти веќе отворија истрага која треба да утврди дали причина за падот се лошите временски услови или технички дефект на леталото.
Plane carrying pickleball players crashes in Texas Hill Country, killing all 5 on board https://t.co/kmd8PVYgGo
— Chicago Tribune (@chicagotribune) May 2, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
