Пелистер денеска во Скопје ќе го одигра вториот меч во низа како гостин, откако во минатото коло во Струмица успеа да ја совлада AП Брера и со тоа да ги подобри своите шанси во борбата за опстанок.
Денес, битолчани се соочуваат со Работнички, клуб којшто ја дели нивната судбина на дното на табелата благодарение на лошите резултати од првиот дел на сезоната.
„Ниту Работнички, ниту Пелистер, не го заслужуваат местото на табелата кога ќе ги погледнете нивните состави. Нашиот противник има квалитетни играчи, интернационалци, тим кој претставува спој на младост и искуство и заслужува респект. Но, и тие како и ние се во истата борба и секој мора со ладна глава да пристапи кон овој меч кој е тежок за двете екипи. За нас, до крајот на сезоната секој меч е идентичен и бара максимална ангажираност, тактичка дисциплина и борбеност. Ние мора да се потрудиме да го одиграме нашиот дел за да имаме основа да се надеваме на поволен резултат”, изјави Марјан Секуловски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
