Вуко Борозан пред трансфер во Алкалоид?

Поранешниот европски шампион Вуко Борозан од следната сезона ќе го носи дресот на РК Алкалоид, објави „Моцарт Спорт“. Искусниот лев бек во тимот од Автокоманда доаѓа на инсистирање на тренерот Кирил Лазаров, со што Алкалоид станува неговиот четврти клуб во Македонија по Металург, Вардар и ГРК Охрид.

Борозан, кој со Вардар се искачи на европскиот врв во 2017 година, во моментов е надвор од терените поради повреда и нема да настапи за охриѓани во реваншот од полуфиналето на ЕХФ Европскиот куп.

Во својата богата кариера, тој настапуваше и за европскиот гигант Веспрем, а со преселбата во Скопје се очекува да биде едно од клучните засилувања на Алкалоид во битката за домашните трофеи.

Се вчитува...