Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, оваа сезона ќе го запише својот настап на престижниот Грен слем турнир „Ролан Гарос“ во Париз. 31-годишната тетовчанка веќе е потврдена на официјалната листа на учесници и ќе се натпреварува во квалификациите за пласман во главната ждрепка.
Ѓорческа, која се чувствува одлично на земјена подлога, го очекува извлекувањето на паровите за да ја дознае својата прва противничка.
Ова е нова голема можност за македонскиот тенис да има свој претставник во елитата на светскиот спорт, по успешните настапи на Лина на меѓународната сцена изминатиов период.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
