ФИФА го казни ЖФК Љуботен со забрана за трансфер

Светската фудбалска федерација (ФИФА) му изрече официјална забрана за регистрирање нови фудбалери на тетовскиот прволигаш ЖФК Љуботен во следните три преодни рока.

Одлуката, која стапи на сила кон крајот на април, доаѓа како последица на неисплатени обврски кон поранешни интернационалци и тренери. Со ова, Љуботен се приклучи на листата на македонски клубови со активни блокади од ФИФА, каде во моментов се наоѓаат и машките екипи на Шкупи и Воска Спорт.

Оваа санкција значително ќе ја отежне работата на управата за следната сезона, бидејќи тимот нема да може да се засилува сè додека не се подмират долговите и не се тргне суспензијата.

Се вчитува...