ПМФЛ: Вардар чекори кон титулата, Ивановски донесе голем бод за Пелистер против Работнички (ВИДЕО)

Фудбалерите на Вардар славеа со 0-2 на гостувањето кај Башкими во натпревар од 30. коло од Првата фудбалска лига на Македонија. „Црвено-црните“ поведоа со 0-1 уште во 8. минута со голот на Закариќ. До крајот на првиот дел Николов во 45. минута зголеми на 0-2.

Неубава ситуација се случи на средината на првото полувреме кога еден навивач на домашниот тим падна од трибините, а мораше да интервенира и медицинскиот тим на стадионот. Навивачот со амбулатно возило беше изнесен од стадионот.

Во вториот натпревар од денешната програма во битката за опстанок Работнички и Пелистер ремизираа 3-3. Домаќините поведоа со 1-0 со голот на Муарем во 6. минута. Гостите само три минути подоцна израмнија на 1-1 преку Булатовиќ, додека до крајот на првиот дел романтичарите стигнаа до ново водство (2-1) преку Демири во 26. минута.

Во вториот дел Работнички зголеми на 3-1 преку Хоџа во 55. минута. На 3-2 намали Петковски во 72, додека конечните 3-3 ги постави Ивановски во 91. минута.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...